Од 19-22 јуни 2017 година се одржа Еко камп во Отешево на кој учествуваа победничките тимови на овогодинешниот Наградни конкурс „Еко пакет Македонија“ . На Наградениот конкурс „Еко пакет Македонија“ учествуваа 27 основни училиште со преку 80 уметнички дела изработени од селектирана Тетра пак амбалажа на тема „Светски знаменитости“.

На Еко кампот учениците и наставниците-ментори преку интерактивни игри и предавања учеа за важноста и начините на селекција на отпад, процесот на рециклирање и заштитата на животната средина. Посебно внимание беше посветено на реупотребата на Тетра пак амбалажата како отпад кој учениците целата учебна година го селектираа во своите училишта.

На 07 јуни 2017 година (среда) на состанокот на Комисијата за наградување на овогодинешниот Награден конкурс „Еко пакет Македонија“ гласаше за 73 уметнички дела изработени од селектирана Тетра Пак амбалажа на тема „Светски знаменитости“.

Прво место:
„Статуа на слободата - Њујорк“ од ООУ „Ванчо Прке“, Штип

Второ место:
„Таџ Махал“ од ООУ „Св. Кирил и Методиј“, Битола

Трето место:
„Ајфелова кула“, ООУ „Васил Главинов“, Велес

Kатегорија најкреативен пристап на изработка:
„Пирамиди“ од ООУ „Тоде Хаџи Тефов“, Кавадарци

Kатегорија уметничко дело кое најсоодветно ја пренесува темата:
„Светилникот во Александрија“ од ООУ „Св. Климент Охридски“, Македонски Брод

Победничките тимови учествуваа на 4 дневен Еко камп во Отешево, кој беше реализиран со поддршка на Тетра Пак, ОХО и Шведската Амбасада во Македонија.

НАСОКИ ЗА УЧЕСТВО

Награден конкурс „ЕКО ПАКЕТ МАКЕДОНИЈА 2017


I. Чекори

1. ФОРМИРАЊЕ НА ТИМOВИ: секое училиште треба да формира повеќе тимови од ситезаинтересирани ученици од петто до деветто одделение. Тимовите треба да бидат составени од 5ученици и еден наставник ментор.

2. СЕЛЕКЦИЈА НА УПОТРЕБЕНА ТЕТРА ПАК АМБАЛАЖА: од декември 2016 секое училиште ja селектира употребена Тетра Пак амбалажа која ќе се искористи за изработка науметнички дела. Употребената Тетра Пак амбалажа се селектира во означените корпи, целоснопразна, измиена со вода и израмнета.

3. ОСМИСЛУВАЊЕ НА УМЕТНИЧКО ДЕЛО: при креирање на уметничкте дела потребно е да осмислитеконцепт и скица за изработка на уметничкото дело на темата „СВЕТСКИ ЗНАМЕНИТОСТИ “ (дела изработени од употребена Тетра Пак амбалажа што прикажуват познати одбележја на градовите и државите ширум светот; техниката на остварување ја определува самиот тим).

4. ИЗРАБОТКА НА УМЕТНИЧКОТО ДЕЛО: секој тим треба да го изработи уметничкото дело и додатоците(доколку ги има), според наведените критериуми. Секој тим поедично треба да измери колкукилограми селектирана Тетра Пак амбалажа употребил за своето уметничко дело.

5. ОРГАНИЗАЦИЈА НА УЧИЛИШЕН НАТПРЕВАР: секое училиште треба да организира училишеннатпревар на сите пријавени тимови во училиштето. На училишниот натпревар поканете гиродителите, вработените во училиштето, локалната заедница, медиумите и вашите соработници.Секое училиште треба да избере три најдобри уметнички дела согласно темата и критериумиите иистите да ги пријави за официјалниот Еко Пакет награден конкурс.

6. ПРИЈАВУВАЊЕ НА НАГРАДЕН КОНКУРС ЕКО ПАКЕТ: секое училиште треба да се пријави за учествона наградниот конкурс објавен од ОХО со избраните три најдобри уметнички дела со испраќање наапликацијата (во прилог) на следнава електронска пошта: info@eko-paket.mk во дадениот рок.

7. УЧЕСТВО НА ЗАВРШЕН НАСТАН И ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ПОБЕДНИЦИ: пријавените тимови и дела од секоеучилиште ќе ги оценува формирана Комисија за наградување согласно темата и критериумите ќе изврши прогласување на тритепобедници на наградниот конкурс Еко Пакет Македонија 2017.


II. Тема и критериуми за изработка на уметнички дела

Комисијата за наградување ќе ги бодува уметничките дела според следниве критериуми:

- РЕУПОТРЕБА НА МАТЕРИЈАЛИ: 75 % од уметничкото дело треба да биде изработено од селектирана Тетра Пак амбалажа, а останатите 25% од други материјали кои можат да се реупотребуваат (хартија, пластика и сл.) со минимална употреба на останати помошни материјали (лепак, шајки исл.)

- ИНСПИРАЦИЈА: уметнилчкото дело треба да биде инспирирано и создадено врз основа на дадената тема.

-ОРИГИНАЛНОСТ: уметничкото дело треба да биде оргинално и да ја претставува иновативната употреба на одбраните материјали.

- МОБИЛНОСТ НА УМЕТНИЧКОТО ДЕЛО: уметничкото дело треба да биде практично за пренесување од една до друга локација во целина.[1]


III. Рокови

Апликацијата треба да се пополни прецизно со наведување на избраните најдобри три уметнички дела од училишниот натпревар и да биде насолвена како: победници_училиште_општина (пр. pobedinici_oulazoangelovski_aerodrоm).

За секое од трите уметнички дела треба да испратите по една фотографија на чиста позадина (со квалитетна резолуција во jpg format[2]) одделно од апликацијата и истата да биде насолвена како: фото_освоеноместо_училиште_општина (пр. foto_1mesto_oulazoangelovski_aerodrom).

Апликацијата и фотографиите треба да ги испратите најдоцна до 22. мај 2017 година (понеделник) исклучиво во е-порака на info@eko-paket.mkи со наслов: пријава_екопакет_училиште_општина (на пр. prijava_ekopaket_oulazoangelovski_aerodrom).


IV. Наградување Еко Пакет Македонија 2017

Тетра Пак и ОХО ќе извршат доделување на вредносните награди во износ од 1000 евра за прво, 700 евра за второ и 500 евра за трето награденото уметничко дело.

Учениците и наставниците од наградените уметнички дела ќе имаат можност да учествуваат на Еко камп, за што дополнително ќе се испратат информации.

Податоците кои ќе ги приложите во апликацијата се финални и тие ќе бидат искористени и во сертификатите, каталозите и останатиот промотивен материјал.

За сите дополнителни прашања и потребни информации пишувајте ни исклучиво по електронска пошта на: info@eko-paket.mk 

Организаторот и поддржувачот на проектот Еко Пакет Македонија, OXO и Тетра Пак, имаат право да побараат дел од уметничките дела да се користат и за понатамошна промоција и нивно јавно изложување. За таа цел, ве молиме да ги чувате изработките и по настанот


[1] Бидете креативни и посебно внимавајте на критериумот моблиност- уметничкото дело не треба да биде големо/габаритно за да ја оствари уметничката цел, а ќе ќе ја отежнува неговата мобилност!

[2] Фотографијата треба да го покаже уметничкото дело во целина, сликано на бела позадина и да биде со добар квалитет. Фотографиите се користат како дел од каталогот за Наградниот конкурс.

ОХО- Асоцијацијата за едукација, консалтинг и комуникација Ве поканува на Промотивен ден на проектот Еко пакет Македонија на 08. ноември 2016 година (вторник) во 11:30 часот во хотелот Порта во Скопје.


Проектот Еко пакет е наменет за развивање на свеста и значењето на одговорното однесување кај децата, учениците, всопитувачите, наставниците и родителите, преку собирање, селектирање, одвојување и отстранување на картонот од употребената Тетра пак амбалажа од млекото, јогуртот и соковите.

Во овогодинешниот проект ќе учествуваат 39 основни еко училишта со Зелено знаме од 21 општина.Училиштата во текот на учебната година реализраа различни едукативни работилници за селекција и реупотреба на отпад, селектираат употребена тетра пак амалажа и изработуваат уметнички дела со кои се натпреваруваат на национален конкурс на крајот од учебната година.

На 31 мај 2016 година (вторник) во 18.00 часот се одржа изложба на уметнички дела изработени од употребена Тетра Пак амбалажа како дел од Наградниот конкурс „Еко пакет Македонија“ во холот на Младинскиот Културен Центар во Скопје. На овогодинешниот Награден конкурс „Еко пакет Македонија“ учествуваа 31 основно училиште со преку 90 уметнички дела изработени од селектирана Тетра Пак амбалажа на тема „Еко град“.

Проектот Еко пакет се реализира веќе девет години во мрежата на еко училишта во Словенија, Хрватска и Србија, а од учебната 2014/2015 година за првпат се реализира и во Македонија. Проектот е наменет за развивање на свеста и значењето на одговорното однесување кај децата, учениците, всопитувачите, наставниците и родителите, преку собирање, селектирање, одвојување и отстранување на картонот од употребената Тетра Пак амбалажа од млекото, јогуртот и соковите.

На наградниот конкурс „Еко Пакет Македонија 2016“ беа доделени следниве награди:

Прво место: уметничко дело „Зелен град“ од ООУ „Св. Кирил и Методиј“, Битола

Второ место: уметничко дело „Македонски еко град“ од ООУ „Св. Климент Охридски“, Македонски Брод

Трето место: уметничко дело „Еко град“, ООУ „Никола Карев“, Радовиш

Посебна награда од Шведската амбасада во категоријата „најкреативни решенија во пренесување на темата“ е доделена за уметничките дела „Еко ветерницаза еко енергија“, „Еко град- Greenfield“ и „ Greenvillage“ сите од ООУ„Св.Климент Охридски“с.Драчево, Кисела Вода.

За посебни заложби во реализацијата на проектот беа наградени учениците со посебни образовни потреби од ООУ „Малина Поп Иванова“ Кочани за уметничкото дело „Еко парк“.

Уметничките дела „Еко зграда“ на учениците од ООУ „Јан Амос Коменски“ Карпош и „Модерна еко куќа“ од ООУ „Стив Наумов“, Битола беа наградени за највизионерско решение.

Посебни награди за пораки за животната средина добија учениците од ООУ „Пере Тошев“, Росоман, ООУ „Никола Карев“, Радовиш, ООУ „Никола Карев“, Крушево и ООУ „Васил Главинов“, Велес.

Наградите ги обезбедија Тетра Пак, ОХО, Шведската Амбасада во Македонија, Божиновски часовници и накит и Евро Еко Пак.

ОХО како национален оператор на интернационалната програма еко училиште на светската Фондација за еколошка едукација, континуирано работи на обезбедување поддржувачи и партнери на националната мрежа на еко училишта.

Асоцијацијата за едукација, консалтинг и комуникација ОХОкако национален оператор на интернационалната програма Еко училиште на светската Фондација за еколошка едукација(ФЕЕ) и Тетра Пак продолжуваат со реализација на проектот Еко пакет Македонија и во учебната 2015-2016 во 41 основно Еко училиште со зелено знаме

За промоција и запознавање со целите и активностите на проектот Ве покануваме на 03. ноември 2015 година (вторник) да присуствувате на „ПРОМОТИВЕН ДЕН: Еко пакет Македонија“ во хотелот Порта во Аеродорм, Скопје. На настанот ќе добиете информации за проектот, начинот на реализација и учеството на наградниот конкурс, а воедно ќе ги добиете и сите потребни материјали. На „ПРОМОТИВЕН ДЕН: Еко пакет Македонија“ се поканети директорот и наставникот коориднатор на програмата Еко училиште од 41 основни Еко училишта со зелено знаме.

Проектот Еко пакет се реализира веќе десет години во мрежата на Еко училишта во Словенија, Хрватска и Србија. Проектот Еко пакет е наменет за развивање на свеста и значењето на одговорното однесување кај децата, учениците, всопитувачите, наставниците и родителите, преку собирање, селектирање, одвојување и отстранување на картонот од употребената тетрапак амбалажа од млекото, јогуртот и соковите.

ОХО како национален оператор на интернационалната програма Еко училиште на светската Фондација за еколошка едукација (ФЕЕ) континуирано работи на обезбедување поддржувачи и партнери на националната мрежа на Еко училишта. На големо задоволство за прв пат во учебната 2014/2015 година како нов партнер го добивме Тетра Пак со регионалниот проект Еко пакет.

По успешната година, за што свeдочат над 400 реализирани работилници за селекција и рециклирање на употребена Тетра Пак амалажа, над 2 тони селектирана Тетра Пак амбалажа во 29 основни Еко училишта со зелено знаме и над 180 изработени уметнички дела од 950 ученици, Тетра Пак продолжува со поддршка на Еко пакет Македонија и во учебната 2015-2016 во 41 основно Еко училиште со зелено знаме.

На 2 јуни 2015 година (вторник) во 18.00 часот се одржа изложба на уметнички дела изработени од употребена Тетра Пак амбалажа како дел од Наградниот конкурс „Еко пакет Македонија“ во холот на Младинскиот Културен Центар во Скопје. На првиот Награден конкурс „Еко пакет Македонија“ учествуваа 23 основни училишта со 68 уметнички дела изработени од селектирана Тетра Пак амбалажа.

Проектот Еко пакет се реализира веќе девет години во мрежата на еко училишта во Словенија, Хрватска и Србија, а од учебната 2014/2015 година за првпат се реализира и во Македонија. Проектот е наменет за развивање на свеста и значењето на одговорното однесување кај децата, учениците, всопитувачите, наставниците и родителите, преку собирање, селектирање, одвојување и отстранување на картонот од употребената Тетра Пак амбалажа од млекото, јогуртот и соковите.

На настанот свое обраќање имаа:

- Пеце Талески, извршен директор на OXO

- Васе Ачкоска, програмски координатор Програма „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“, Министерство за образование и наука

- Љубица Наумовиќ, Tetra Pak

- Н.Е. Г-дин. Матс Стафансон (Mats Staffansson), Амбасадор на Шведска

На првиот награден конкурс „Еко Пакет Македонија 2015“ беа доделени следниве награди:

Прво место: уметничко дело „Був“ од ООУ „Мирче Ацев“, Ѓорче Петров

Второ место: уметничко дело „Сив сокол“ од ООУ „Тошо Велков Пепето“, Кавадарци

Трето место: уметничко дело „Животните и природата дел од мозаикот на шумата“, ООУ „Св. Климент Охридски“, Македонски Брод

Посебна награда од Шведската амбасада: за уметничките дела „Едно дрво не ја прави шумата, една птица не ја носи пролетта“, „Еволутивна рециклажа“ и „Животот во шумата – зеленилото живот значи“ сите од Св.„Кирил и Методиј“, Битола.

Посебна награда од Тетра Пак: за уметничкото дело „Листопадна шума во Тетра Пак“ од ООУ „Никола Карев“ Пробиштип.

ОХО како национален оператор на интернационалната програма еко училиште на светската Фондација за еколошка едукација, континуирано работи на обезбедување поддржувачи и партнери на националната мрежа на еко училишта. На големо задоволство за прв пат во учебната 2014/2015 година како нов партнер го имаме Тетра Пак со регионалниот проект Еко пакет. Настанот се реализираше со поддршка на Шведската Амбасада во Скопје.

На ден 03. ноември 2014 година (понеделник) во 11:30 часот во хотелот Стоун Бриџ во Скопје се одржа Промотивен ден на проектот Еко пакет Македонија.

Проектот Еко пакет се реализира веќе девет години во мрежата на еко училишта во Словенија, Хрватска и Србија. Од учебната 2014/2015 година за првпат проектот Еко пакет ќе се реализира во Македонија, првично како проект за основните еко училишта со зелено знаме (29 основни училишта), а од следните учебни години и за детските еко градинки и средните еко училишта.

ОХО- Асоцијацијата за едукација, консалтинг и комуникација како национален оператор на интернационалната програма еко училиште на светската Фондација за еколошка едукација континуирано работи на обезбедување поддржувачи и партнери на националната мрежа на еко училишта. На големо задоволство за прв пат во учебната 2014/2015 година како нов партнер го имаме Тетра Пак со регионалниот проект Еко пакет.

На Промотивниот ден свое обраќање имаа:

Даниела Граороска, Министерство за образование и наука

- Презентација на програмата Еко училиште како дел од националниот образовен систем

Пеце Талески, OXO

- Презентација на мрежата на еко училишта: активности и соработка

Љубица Наумович, Tetra Pak

- Презентација на идеата за проектот Еко пакет и реализација во регионот

Проектот Еко пакет е наменет за развивање на свеста и значењето на одговорното однесување кај децата, учениците, всопитувачите, наставниците и родителите, преку собирање, селектирање, одвојување и отстранување на картонот од употребената Тетра Пак амбалажа од млекото, јогуртот и соковите.