На 31 мај 2016 година (вторник) во 18.00 часот се одржа изложба на уметнички дела изработени од употребена Тетра Пак амбалажа како дел од Наградниот конкурс „Еко пакет Македонија“ во холот на Младинскиот Културен Центар во Скопје. На овогодинешниот Награден конкурс „Еко пакет Македонија“ учествуваа 31 основно училиште со преку 90 уметнички дела изработени од селектирана Тетра Пак амбалажа на тема „Еко град“. 

  

  

На 3-ти ноември 2015 година се одржа Промотивниот ден на кој учествуваа директорите и наставниците координатори од 41 основно еко училиште со зелено знаме кои во учебната 2015/2016 година ќе го реализираат проектот Еко пакет во Македонија.

На 2 јуни 2015 година (вторник) во 18.00 часот се одржа изложба на уметнички дела изработени од употребена Тетра Пак амбалажа како дел од Наградниот конкурс „Еко пакет Македонија“. На првиот Награден конкурс „Еко пакет Македонија“ учествуваа 23 основни училишта со 68 уметнички дела изработени од селектирана Тетра Пак амбалажа.

   

  

  

  

  

  

  

  

На 3-ти ноември 2014 година се одржа Промотивниот ден на кој учествуваа директорите и наставниците координатори од 29-те основните еко училишта со зелено знаме кои во учебната 2014/2015 година за првпат проектот Еко пакет ќе го реализираат во Македонија.