Проектот Еко пакет се реализира  од 2005 година во мрежата на еко училишта во Словенија, Хрватска и Србија. Од учебната 2014/2015 година за првпат проектот Еко пакет почна да се реализира во Македонија, како проект за основните еко училишта со зелено знаме. 

Во проектот учествуваат учениците од шестто до деветто одделение, наставниците, вработените и родителите.

Наставниците- координатори во секое еко училиште треба:

- да ги информираат вработените, учениците и пошироката околина за реализацијата на проектот;

- да изработат план за реализација на проектот;

- да ги постават означените корпи за селекција на употребената Тетра Пак амбалажа на видно место;

- да ги постават постерите за промоција на проектот на видни места;

- да одржат едукативни предавања и работилници за селекција на употребената Тетра Пак амбалажа;

- да формираат тимови од 5 ученика кои ќе изработат уметнички дела од селектираната Тетра Пак амбалажа на дадената тема;

- да организираат училишен конкурс за избор на три најдобри уметнички дела од тимовите;

- да го пријават училиштето со трите најдобри уметнички дела на наградниот конкурс на ОХО.

Проектот е поделен на три дела:

1. селекција и отстранување на Тетра Пак амбалажата

2. едукација

3. награден конкурс

Во вашето училиште отпадоците од употребената Тетра Пак амбалажа од млеко, јогурт и сок треба да се собират одвоено и да се фрлат во означената корпа. За успешна реализација на оваа активност потребно е да ги информирате учениците и вработените за значењето на селекцијата на употребената Тетра Так амбалажа од останатиот отпад во соодветно означените корпи.

Поставете ги постерите на видно место во училиштето и презентирајте ги информативните брошури на вработените и учениците.

Посебно означените корпи за селекција на употребената Тетра Пак амбалажа поставете ги на видно место за да се прилагодат на воспоставениот систем за селекција на отпадот во училиштето.

Во вашето училиште одржете едукативни предавања, работилници и практични активности за учениците и вработените за селекција на употребената Тетра Пак амбалажа од останатиот отпад.

Во вашето училиште формирајте тимови од ученици од петто до деветто одделение, со по еден наставник ментор. Секој тим треба да изработи уметничко дело од селектираната Тетра Пак амбалажа на дадената тема (силуети и производи од отпадоците на употребената Тетра Пак амбалажа; техниката на остварување ја определува самиот тим).

Секое училиште треба да организира училишен конкурс за избор на три најдобри уметнички дела изработени од селектираната Тетра Пак амбалажа на дадената тема. На училишниот натпревар треба да ги поканите родителите, вработените во училиштето, локалната заедница, медиумите и вашите соработници.

Вашето училиште треба да се пријави за учество на наградниот конкурс објавен од ОХО со избраните три најдобри уметнички дела на следнава електронска пошта: info@eko-paket.mk во дадениот рок.

Фотографии и видеа (1-2 минути) од изработените уметнички дела и процесот на изработка можете да ги објавете и на Фејсбук страницата „Еко пакет Македонија“.

Најдобрите уметнички дела, односно училиштата кои ќе победат на наградниот конкурс, ќе ги избере комисија и ќе бидат јавно прогласени на завршен настан.

Овој дел од проектот има цел знаењето добиено во училиштето да се пренесе и да се подигне свеста за селектирањето на употребената Тетра Пак амбалажа од останатиот отпад и во домовите и во пошироката околина.