Тетра Пак амбалажата најчесто е составена од три вида материјали:

• картон,
• полиетилен (пластична маса),
• алуминиум.

Картонот ѝ ја дава формата и цврстината на Тетра Пак амбалажата. Се произведува од дрвена каша што се добива од преработеното дрво. Дрвото за Тетра Пак амбалажата се добива од контролирани извори; од шумите со кои се управува одговорно и кои се сертифицирани согласно највисоките стандарди. Тоа се шумите на северната полутопка, каде се води грижа и за биолошката разновидност и каде што сечата се надоместува со ново засадени дрвја.
Полиетиленот во Тетра Пак амбалажата ја штити амбалажата и производот во неа од влага, а истовремено ги поврзува различните слоеви во амбалажата. Полиетиленот е пластична маса која се произведува од нафта.
Алуминиумот во Тетра Пак амбалажата се наоѓа во форма на многу тенка фолија (најтенко што може индустриски да се произведе) и го штити производот од светлина, микроорганизми (на пр.штетни бактерии) и воздух. Алуминиумот е сребрено бел метал што се добива од глиници.

Картонот е основниот состав на Тетра Пак амбалажата. Во производствените погони се носи во ролни, од кои се изработува амбалажен материјал наменет за полнење со течни продукти. Надворешниот слој од картонот се печати, а потоа следи постапката на ламинација. Станува збор за тенок слој на полиетилен и алуминиум на картонот, кој само со притисок и загревање предизвикува прием на слоевите без употреба на лепила. Така припремениот амбалажен материјал повторно се витка во ролни, за да може да се достави до млекарниците, производителите на сокови и сите други произведувачи што користат Тетра Пак амбалажа за течни продукти.

Тетра Пак амбалажата е составена од повеќе видови и број на слоеви:

1. Полиетилен - слој што е во контакт со продуктот

2. Полиетилен - слој што се поврзува со алуминиумска фолија

3. Алуминиумска фолија - за заштита од воздух, мирис и светлина

4. Полиетилен - слој што ја врзува алуминиумската фолија со картонот

5. Картон - за форма, стабилност и цврстина

6. Печатење

7. Полиетилен - слој што штити од надворешна влага

Секоја Тетра Пак амбалажа има состави кои меѓу себе се разликуваат, поради што треба да се изработи амбалажен материјал за секој вид Тетра Пак амбалажа посебно. Затоа составот на Тетра Пак амбалажата за трајните производи и составот на Тетра Пак амбалажата за свежите производи се разликуваат. Тетра Пак амбалажата за трајните производи е составена од три материјали, зависно од типот на амбалажата. Еднолитарската амбалажа „Тетра Брик Асептик“ (Tetra Brik Aseptic), што е најмногу раширена, тежи 25-28 грама. Амбалажата за свежи производи е составена од два вида материјали: надворешен и внатрешен слој на полиетилен, а средниот слој е од картон. При изработката на Тетра Пак амбалажата големо внимание се посветува на заштитата на околината: современата технологија овозможува употреба на минимални количини на основни материјали и енергија и што помало загадување на воздухот и водата. За ефикасен транспорт и складирање на Тетра Пак амбалажата, се витка во ролни.

Изработениот амбалажен материјал за поединечен вид на Тетра Пак амбалажа, го доставуваме до млекарниците и производителите на сокови и други производи кои се пакуваат во Тетра Пак амбалажа. Таму амбалажниот материјал се оформува во конечната форма на амбалажа, се полни и непропустливо се затвора. Целокупната постапка се изведува во затворен и стерилен дел од машината за полнење.

Продолжениот рок на траење на производите се постигнува со термичка обработка на производите, без додатоци и конзерванси:

• со пастеризација на свежите производи (загревање на температура помеѓу 72 и 75° С со траење од 15 до 20 секунди);

• со термичка обработка со ултрависока температура односно технологија на УХТ (кратко и интензивно загревање за неколку секунди на температура помеѓу 135 и 140° С).

Тетра Пак амбалажата потоа се полни со сокови, млеко или јогурт и се транспортира во магацините и во продавниците.

Поради малата тежина и едноставната форма, превозот и складирањето на производите е економичен и безбеден за животната средина. Тоа посебно се однесува на трајните производи бидејќи треба да се чуваат во ладилници.

Млекото, јогуртите, соковите, овошните и другите напитоци што се полнети во Тетра Пак амбалажа, ги среќаваме во нашето секојдневие: наутро и навечер пиеме шолја млеко или омилените мусли ги преливаме со млеко; за ужина пиеме јогурт, за ручек пиеме чаша овошен сок. Производите што се полнети во Тетра Пак амбалажа се нашите сопатници дома, во училиште, на работното место, при патувањата, одморите итн.

Тетра Пак амбалажата за сите нас е од голема корист: многу е лесна, не се крши, едноставно се отвора, а кога е затворена може да се чува и на собна температура. Кога ја отвораме може да ја чуваме во фрижидер каде што зафаќа малку простор. Животниот пат на Тетра Пак амбалажата не завршува кога ќе го испиеме сокот, млекото или јогуртот!

Кога Тетра Пак амбалажата е испразнета, многу е важно правилно да ја израмниме и да ја фрлиме во посебно означената корпа за ваква амбалажа. Со ова овозможуваме преработка на употребената Тетра Пак амбалажа и употреба на повторно добиените суровини.

Како правилно да постапуваме со употребената Тетра Пак амбалажа?

Кога Тетра Пак амбалажата е целосно празна, препорачливо е да ја измиеме со вода и да ја израмниме, ако има капаче треба да го затвориме. На тој начин Тетра Пак амабалажата при фрлањето во корпата за отпадоци дома и подоцна во означената копра за отпад, зафаќа до 20 пати помалку простор отколку кога употребената Тетра Пак амбалажа не е израмнета!

Правилно наредената Тетра Пак амбалажа дома се собира во вреќи или кутии. Кога тие се полни се носат и празнат во корпите за отпадна амбалажа, односно отпадна пластика пред вашата куќа или јавните контејнери. Значи употребената Тетра Пак амбалажа не се фрла во означената корпа за хартија и покрај тоа што во поголемиот дел е составена од хартија или картон. За правилно да ја селектираме употребената Тетра Пак амбалажа во вистинската корпа или контејнер, треба точно да ги прочитаме ознаките на поединечните корпи или контејнери, на кои е наведено за кој вид на отпадоци се наменети.

Комуналните претпријатија ги собираат корпите или контејнерите за отпадоци, хартија или пластика, ги носат во сортирниците и на линиите за сортирање рачно ги одвојуваат поединечните видови отпадна амбалажа. Таму се делат и сортираат: конзервите, различните видови пластика (ПЕТ пластика, фолии, лончиња за јогурт итн.) и Тетра Пак амбалажата. Собраната и сортираната отпадна амбалажа се носи на рециклирање.

Постојат повеќе начини на рециклирање и преработка на Тетра Пак амбалажата:

• рециклирање на хартија: во постапката на преработката на Тетра Пак амбалажата, се добива рециклирана хартија, која може понатаму да се употреби за производство на различни производи: разни видови картони, брановит картон, картонска амбалажа за јајца, кеси од хартија, канцелариска хартија и друго;

• палење во печки: со палењето се добива енергија, Тетра Пак амбалажата има висока вредност на согурување: 22МЈ/кг;

• компостирање: 75 % од Тетра Пак амбалажата е составен од разградливи дрвени, односно целулозони влакна што може да се употребат при компостирањето;

• рециклирање без одвојување на материјалите: во оваа постапка Тетра Пак амбалажата се меле, се загрева за да се стопи пластиката, потоа се оформува во различни производи. Од овие плочи може да се изработи мебел, покриви за куќи и објекти или мали куќи.

Тетра Пак амбалажата се рециклира во повеќе од 20 фабрики за рециклирање хартија во различни држави во Европа (Австрија, Германија, Србија, Шпанија, Шведска итн) и во повеќе од 100 фабрики во целиот свет. Тетра Пак амбалажата во Македонија не се рециклира.

Секоја година во светот се рециклираат повеќе од 500.000 тони Тетра Пак амбалажа и овој број постојано се зголемува. Во 2012 година беа рециклирани 581.000 тони Тетра Пак амбалажа, што е за 10 % повеќе од 2011 година - тоа претставува повеќе од 30 милијарди парчиња тетра пак амбалажа. Во Европа најголем степен на рециклирана Тетра Пак амбалажа е во Луксембург и во Белгија каде рециклираат повеќе од 80 % од Тетра Пак амбалажата.